Невладината организација Уметност на живеење Македонија, организира креативна работилница „Децата и нашата традиција“ за изработка на мартинки.
Во детската градинка „Пепелашка“ (во близина на Црвен Крст) денеска (3-ти) март со почеток во 18 часот ќе се одржи креативна работилница „Децата и нашата традиција“. Целта на оваа работилница е оживување и продолжување на традицијата на нашите предци.
Мартинките се подаруваат во чест на Баба Марта и се носат околу рака или закачени на облека се додека расцвета првото дрво или додека не ја видите првата ластовичка или штрк. Потоа се закачува на дрво или се остава под камен со желби за здравје за себе и за своите најблиски.
Мартинките се симбол на пролетта, љубовта, плодноста и доброто здравје. Мартинките се традиционален украс од бел и црвен конец, кој се плете во вид на алка. Црвената боја ја симболизира бојата на крвта, а белата на чистотата.
Со конец се изработуваат разновидни фугури во овие две бои, меѓу кои најпозната е фигурата на момче и девојче. Се вели дека подарената мартинка е знак за топло пријателство и среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Даниел Жонса предавач на „Google News Lab“ гостува на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје
-
ХАЕ огранизира работилница: Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“
-
Работилница за декупаж – креативна техника за создавање на уникатни предмети
-
Креативна работилница на најмладите за мартинките во Македонија