Тејлор Свифт (25) зборуваше за нејзиниот личен живот во интервју за „Телеграф“ и рече дека не била во врска со некого со години иако медиумите го тврдат спротивното.
– Моментно сум во некоја друга фаза во животот, кога љубовта не е приоритет. Не сум се забавувала со некого со години – рече таа.
Тејлор рече дека медиумите неколку пати ѝ уништиле пријателство со некој маж затоа што пишувале дека се во врска.
– Не дозволив да ми го уништат пријатлеството со Ед Ширан. Секогаш нѐ прашуваат дали се забавуваме и дали сме во врска, а всушност ние сме само пријатели.
Пејачката, која ја поврзуваа со Хари Стајлс, Џек Гиленхол, Џон Мајер и со Тејлор Лаутнер, зборуваше за тоа како изгледа да се биде под лупа на јавноста.
– Некогаш навистина е чудно. За пет години ќе имам 30 години и сигурно ќе бидам сама, да бидам искрена. Никој не сака да се справи со мојата слава и сѐ што доаѓа со неа. Не знам ни колку врска е можна со ваквиот начин на живот. Порано мислев дека многу е важно да се најде партнер, сега повеќе не мислам така. Сакам само да се забавувам и да ми биде убаво – заклучи Тејлор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.