Иако пред две недели ја прекина врската со диџејот Калвин Харис, Тејлор Свифт за многу кратко време продожи напред. Таа беше фатена како се бакнува со британскиот актер Том Хидлстон. Двајцата беа фотографирани во близина на домот на ѕвездата во Род Ајленд.
Свифт и Харис ја прекинаа својата врска на почетокот од овој месец и двајцата на Твитер потврдија дека се разделиле смирено.
Но, за кратко време неколку фанови на социјалните мрежи забележале дека Харис ги избришал и сите фотографии со неа. Исто така забележале дека престанал да ја следи на Твитер и на Инстаграм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.