| четврток, 6 декември 2018 |

Три мита за парите, заради кои не се збогатувате

pari-bogat-banknoti-moneti-(1)-60014-500x0

Кој не сака да има повеќе пари? Во секојдневниот живот, сепак ние сме водени од митови, кои ни пречат да го умножиме богатството и да си го подигнеме стандардот на живот.

Погледнете некои од нив, кои треба веднаш да ги надминете, ако сакате да се збогатите:

Денес сум обезбеден

Да живеете за денешниот ден, можеби не е толку лошо од емоционална гледна точка, но од финансиска е катастрофално. Не штедите, немате дополнително пензиско осигурување, не сте си направиле животно осигурување. Денес овие работи можеби не ви изгледаат важни, но по само неколку години ќе се претворат во неверојатен пропуст.

Колку повеќе заработувам , толку повеќе ќе можам да трошам

Заработката веднаш ви се претвара во нова технолошка играчка, чевли или пак некое патување за кое сте сонувале. Нема ништо лошо во тоа да се опуштите малку, но не и да ги користите сите дополнителни пари. Ако навистина мислите дека заслужувате награда за добрата работа, тогаш инвестирајте ги парите, гледајте ги како растат и обезбедете си подобра иднина.

timthumb

Доволно е да штедам

Работите и имате доволно пари за да живеете, ви остануваат нешто и да заштедите. Ги внесувате во банка секој месец и се чувствувате задоволни од себе. А што ќе кажете не само да штедите, туку и да ги умножите парите ? Тоа е разликата помеѓу обичниот штедач и добар инвеститор. Ако не можете да се справите сами со оваа задача, контактирајте со специјалисти, кои ќе управуваат со вашите пари ви и ќе ви ги умножат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top