Студенти, претставници на младинските организации од Азербејџан денеска се запознаа со мерките за вработување што ги презема Агенцијата за вработување на Македонија како пример за позитивни мерки за намалување на невработеноста на младите луѓе.
Посетата е реализирана во рамките на проектот „ДА, ДЕНЕС! Вработување на млади и социјална инклузија“ во организација на Коалиција на младински организации СЕГА и Европска асоцијација за локална демократија – АЛДА.
Директорката на Центарот за вработување-Скопје Слободанка Алексовска рече дека големо признание што гостите ја избрале Република Македонија како добар пример што постојано вложува во унапредување на мерките за вработување на млади лица.
– Посебен акцент оваа година во новиот оперативен план се става на вработувањето на млади лица на кои им се овозможува што побрзо и полесно да дојдат до работно место и најверојатно поради тоа сме избрани како една од земјите со многу добар пример за вработување, истакна Алексовска.
Според Зоран Илиески од СЕГА студиската посета е да им обезбеди на младите од Азербејџан да ги видат добрите практики и примери како се намалува невработеноста во земјите во развој и како можат да ги применат во нивната земја.
Во рамките студиската посета, младите од Азербејџан ќе добијат информации, менторство и обука во правењето на својот прв професионален чекор, потоа да се стекнат со потребните вештини и способности кои ќе им овозможат да влезат на пазарот на труд. Студентите преку проектот ќе се информираат како да се поттикнат младите од Азербејџан да се мобилизираат за да играат клучна улога во нивната заедница и да станат важен дел од општество.
За време на посетата, студентите од Азербејџан ќе можат да ги разменат своите искуства со македонските млади а со тоа и да ја поттикнат интеркултурната размена. Локални млади активисти ќе бидат дел од активностите на работилниците со цел да се олесни комуникацијата и развијат идеи кои ќе обезбедуваат нови можности за луѓето кои живеат во нивните заедници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Првпат во официјална посета на Македонија доаѓа српската премиерка Ана Брнабиќ
-
Хрватската вицепремиерка Пејчиновиќ Буриќ во посета на Македонија