| четврток, 6 декември 2018 |

Трето издание на „Прво, па женско“ во МКЦ

prvo pa zensko

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 6 до 8 март во Младинскиот културен центар во организација на „Tiiiit! Inc.“ од Скопје ќе се одржи третото издание на „Прво, па женско“.

Станува збор за иницијатива што има цел да поттикне дебата за околностите во кои денес живее жената чијшто профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротивставуваат на традиционалните стереотипи.

Програмата е концепирана како отворено поле за претставување и размена на активните жени денес – оние кои од најразлични позиции теоретски се занимаваат со прашањата на родот, но и оние кои јавно се застапуваат и се обидуваат да влијаат на подобрувањето на политиките кои се однесуваат на жената.

Првото издание на фестивалот се одржа во 2013 година на Меѓународниот ден на жената и траеше повеќе од 15 часа. Тогаш имаше повеќе од 50 учесници и беше посетен од над 1000 посетители.

 

На третото издание ќе се чита и ќе се дискутира, женско филмско попладне на кое ќе има проекција на филмови проследени со дискусии, танцов перформанс, женски жур, предавање за жените на Македонија и нивната борба за рамноправност, антипредавање за родот на политиката и политичкото тело…

Целата програма може да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top