| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ ги здрма политичарите и нивните љубовници во Србија

Новак Ѓоковиќ ја здрма Србија со новата афера и препродажбата на билетите за Дејвис куп мечот во Краљево меѓу популарните „орли“ и Хрватска. Најдобриот светски тенисер изјави дека е разочаран од односот пред се на тенискиот сојуз на Србија и праша како е можно сите 2.800 билети да се продадат за 15-на минути.

Мораше да реагира и Министерството за внатрешни работи, а истрагата според медимуите во Србија ќе покаже дека имало малверзации со билетите.

novak djokovic

Првоосомничен е Предраг Петрониевиќ, претседател на тениската асоцијација на Западна Србија и тој веќе бил на сослушување во полиција. Кај него се пронајдени 900 билети за кои претходно било објавено дека се продадени.

„Цели комплети од влезниците завршиле во рацете на спонзорите, но и на локалните политичари во Краљево. Некои од нив дури ги честеле и љубовниците со билети за мечот меѓу Србија и Хрватска. Имало и за децата, сопругите, роднините, за сите само не за љубителите на тенисот и за обичните луѓе кои сакале по нормален редослед да си купат влезници“, пишува српскиот портал „Ало“.

Мечот се игра од петок до недела (6-8 март), а на црно комплет влезници за трите дена се продавал за солена цена од 200 евра.

За Србија ќе игра Новак Ѓоковиќ, заедно со Троицки, Зимоњиќ и Краиновиќ, а Хрватите доаѓаат во Краљево ослабени без Чилиќ (иако е најавен во тимот веројатно нема да игра), Карловиќ и Додиг. За „коцкестите“ во сингл би требало да играат тинејџерот Чориќ и Драгања, а со нив во составот ќе бидат и Делиќ и најверојатно Шкугор, како замена за Чилиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top