| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровецот „Човекот-птица“ од четврток во кино „Милениум“

unnamed
Од четврток, петти март од 20 часот, на репертоарот на кино „Милениум“ ќе почне да се прикажува годинешниот лауреат на најпрестижната филмска награда „Оскар“, „Човекот-птица“(Birdman).
Премиерно филмот беше прикажан уште на филмскиот фестивал „Синедејс“ во ноември минатата година. Филмската приказна за пропаднатиот филмски суперхерој, кој има желба да се врати на голема врата преку бродвејската театарска сцена е се уште неверојатно актуелна, посебно по освојувањето на безброј награди на фестивалите низ целиот свет.
Во филмот игра фантастична актерска екипа: Мајкл Китон, Едвард Нортон, Ема Стоун, Наоми Вотс, а режијата е на Алехандро Гонзалес Инариту.
В петок, на шести март во 20 часот во рамки на настанот „Вечери на женски права“ ќе биде прикажан филмот „Кисмет“, во режија на Нина Мариа Пасналиду. По филмот следува и дискусија на соодветни теми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top