
Над 600 милиони евра беа издвоени за земјоделците, за субвенции и тоа беше направено во тешки години, во години во кои имаше бројни предизвици и во други земји се намалуваа плати, се намалуваа пензии, се намалуваше социјалната помош, се откажуваа инфраструктурни приоекти, вицепремиерот Зоран Ставрески на вчерашната прес-конференција.
-Треба да се знае дека паралално со реализацијата на овие економски политики, ние наоѓавме пари за многу други проекти. Такви проекти имаме во културата, во спортот, во образованието, во здравството, се градеа водоводи и каналзиации, се градеа локални и регионални патишта, започнаа да се градат три автопати, рече Ставрески.
Според него, нормално е луѓето во Владата да имаат различни мислења, но сите тие се ставаат на маса, се разгледуваат, се разменуваат аргументи за на крај да се бира најквалитетно решение за граѓаните, согласно програмата.
– Со таков пристап, на поттикнување дебата, што сметам дека е многу здрав, се донесуваа решенија и се води економска политика, потенцира Ставрески.
Целиот процес на изнесувањето прислушкувани разговори, рече, ќе мора да има правна разрешница. Во секој случај со ова, најголема штета им се нанесува на државата и на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Тренов: СДС и Заев не го исполнија ниту едно ветување кон земјоделците
-
Ведрана е најзгодната фармерка на Балканот: Најубаво ми е кога возам трактор (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се соочуваат


