Холандија и Норвешка потпишаа договор од 25 милиони евра, во кој се предвидува Осло од септември да почне да користи под наем холандски затворски ќелии, пренесе БТА.
Договорот беше потпишан од холандскиот државен секретар за правосудство Фред Тевен и од норвешкиот министер за правда Андерш Анундсен, соопшти холандското Министерство за правда.
Договорот треба да биде одобрено од парламентите на двете земји. Тој предвидува пристигнување на 242 норвешки затвореници во затворот Норгерхарвен, Североисточна Холандија од 1 септември годинава.
– Причина за овој меѓудржавен договор е дека Холандија има вишок ќелии, а Норвешка нема доволно место за своите затвореници – појасни Министерството за правда.
Околу 1.300 лица во Норвешка чекаат да излежат пресуди поради недостиг од места во затворите.
Кон тие затвореници ќе се применува норвешкото право. Тие ќе бидат чувани од норвешки чувари, а затворот ќе се раководи од Норвежанец.
Роднините на норвешките затвореници се противат на договорот бидејќи затворениците ќе бидат преместени во друга земја, на стотици километри од Осло, и тоа ќе ги отежне можностите за семејни посети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.