| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен поранешен шеф на полицијата во Гостивар

полицијаВо голема полициска акција што била изведена синоќа во Гостивар уапсени се повеќе лица, меѓу кои и полициски службеници, јави „Прес24“ повикувајќи се на полициски извори.

Неофицијалните и сè уште непотврдени информации велат дека се приведени двјаца полицајци, а дека меѓу нив е и поранешниот шеф на полицијата во Гостивар.
Се сомничат за поврзаност со акцијата Чекан. Од МВР потврдуваат дека спровеле акција и дека се приведени двајца полициски службеници, но не откриваат детали.
Полицијата уште при првичната акција најави дека детално ќе се чешла работата на институциите.

Во полициска акција „Чекан“ се приведени повеќе лица, кои се обвинуваат за злосторничко здружување, изнуда, лихварство и перење пари и други приноси од казниво дело, која дејствувала на подрачјето на западна Македонија. Меѓу нив, покрај полицајци, се приведени и нотар и извршител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top