| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска силен ветер, утре обилни врнежи

облацноУтрово времето е умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од 0 до 8 степени, и тоа: 0 Лазарополе, 1 Маврово, 2 Крушево, 4 Кр.Паланка, Берово и Виница, 5 Охрид,и Претор, 6 Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица и Дебар, 7 Штип, Д.Капија, Гевгелија, Куманово и Тетово, 8 Скопје-З.Рид.

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер, а во источните делови и по Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој на  места ќе достигнува брзина до 70км/ч.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе имаме претежно облачно време со услови за слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 12  степени.

Утре ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Попладне постепено облачноста ќе се зголемува. В четврток, под влијание на циклонска активност, ќе има  пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови, каде што локално се очекува да паднат повеќе од 25л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во  ноќта кон петок од север ќе се спушта постуден воздух, кој ќе предизвика на некои од повисоките места врнежите да преминат во снег, особено во северните и во западните делови на земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top