Во Скопје денеска почнува шестото издание на манифестацијата „Вечери на женски права“, кое е посветено на одбележувањето на дваесетгодишнината од Пекиншката декларација и платформа за акција.
На повеќе локации, до 8 март ќе се одржуваат дебати, проекции на филмови, изложби и Велосипедска тура по повод глобалната кампања „Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост“.
Град Скопје соопшти дека од денеска до четврток во повеќе средни училишта ќе се одржат работилници околу правата на жената и родовата еднаквост, кои ќе бидат спроведени од страна на студенти од Институтот за родови студии при УКИМ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности.
Во петок ќе се одржи Национална конференција по повод 20 годишнината од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција (Пекинг +20) „Јакнење на жените – јакнење на човештвото: Претставете си!“, ќе биде биде отворена и изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 2“, а ќе бидат прикажани и документарните филмови „Кисмет“ и „Маската во која живееш“.
Во недела напладне ќе се одржи велосипедска тура по повод глобалната кампања „Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост“. Шестото издание на „Вечерите на женски права ќе биде затворено со проекција на документарниот филм „Среќни засекогаш“ и дискусија на тема „Вечна љубов – мит или реалност“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.