| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП потсетува дека годишната даночна пријава треба да се достави до 15 март

ujp-zgrada

На две седмици пред истекот на крајниот рок (15 март), 104.773 граѓани веќе ја исполнија обврската за поднесување на годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи (УЈП), од кои 467 ја искористиле можноста за пријавување на приходите преку електронските даночни сервиси, информираа од УЈП.

Бидејќи во наредниот период се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ги поднесат своите даночни пријави, оттаму апелираат да не се чекаат последните денови пред истекот на крајниот рок со цел избегнување на метежи во даночните канцеларии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top