| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ со нови анализи за рангирање на сајтовите

гугл

Компанијата „Гугл“ размислува да ја заземе улогата на арбитер на вистинитоста на интернет, со цел да се олесни контролата на пребарување во време на преоперетеност со информации.

Интернет-гигантот сака да го постави рангирањето на сајтовите врз основа на „оцена на вистинитоста“.

Пребарувањето во моментов се потпира на системот на рангирање на сајтовите според тоа колку пати одредена страница била линкувана, што значи дека секоја лажна информација има можност за достигнување висок ранг.

Новиот модел што го развива „Гугл“ ќе ги рангира сајтовите врз основа на вистинитоста на информациите и ќе ги филтрира тие што нудат лажни информации, односно тие ќе имаат понизок ранг во однос на тие што нудат точни информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top