| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Немаме процени за македонски пари во кипарските банки

Такви процени немаме, ниту очекуваме дека има такви сметки, истакна вицепремиерот Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање дали има информации колку пари на македонските граѓани има во кипарските банки и дали се размислува за даночно амнестирање.

Ставрески, исто така, рече дека во согласност со законот, македонските граѓани не смеат да имаат сметки на физички и правни лица во странство.

Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, претходно изјави дека неговиот предлог за даночна амнестија на заштедите во странските банки станува атрактивен, особено по последните случувања во Кипар.

– Факт е дека законот за оданочување депозити Кипар го прави како неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава – истакна Трајковски на предавањето на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top