Нова студија: Треба да запреме да се бориме против легализацијата на марихуаната и наместо тоа да се фокусираме на алкохолот и цигарите
Во споредба со другите рекреативни дроги – вклучувајќи го и алкохолот – марихуаната можеби е и побезбедна отколку што претходно се мислеше. И истражувачите можеби се систематски потценуваат ризиците поврзани со користењето на алкохолот.
Ова се најновите откритија во неодамнешното истражување кое беше објавено во журналот Саентифик рипорт, подвесник на Нејчр. Истражувачите се потрудиле да ги измерат ризиците од смрт поврзани со употребата на разни и вообичаено користени супстанции. Тие откриле дека на ниво на лично користење, алкохолот е најсмртоносна супстанција, а по него се хероинот и кокаинот.
И што е сосема на крајот на листата? „Тревката“ – речиси 114 пати помалку смртоносна од алкохолот, велат авторите кои прават калкулации кои во споредба со смртоносни дози на некоја супстанција со количина која некој вообичаено ја користи. Марихуаната е исто така единствената проучувана дрога која предизвикува низок ризик за смртност за корисниците.
Овие откритија ги менуваат рангирањата за безбедноста на дрогата кои беа направени пред 10 години, и по извесно поинаква методологија. Па во однос на тоа, оваа студија е повеќе како афирмација на претходните откритија отколку што било направено. Но со оглед на сегашните национални и меѓународни дебати во врска со легалниот статус на марихуаната и ризиците поврзани со нејзииното користење, студијата доаѓа во добро време.
Важно е тука да се забележи дека „побезбедно од алкохолот“ не значи „сосема безбедно – и точка“. Всушност, едно проблематично размислување кое го гледам во некои делови од движењето за легализација на марихуаната е тоа што марихуаната е „природна“ или затоа што таа може да се користи (но не е и дозволено од ФДА) како „лек“, па оттука е и „безбедна“.
Но се разбира, и змискиот отров е опасен па никој не може да рече дека е безбеден. Но и лековите кои се издаваат на рецепт против болки се лек и виновни за десетици илјади починувања секоја година. Постојат бројни ризици поврзани со користењето на марихуаната. Повеќето од овие ризици вклучуваат проблеми со ментални болести, и имаат поголема веројатност да се појават ако порано почнете со користење и што повеќе ги користите. Тие велат дека постојат ризици со буквално се што ќе внесете во телото. Ако јадете премногу шеќер веќе сте на брз колосек забите да ви се расипат или да добиете дијабетес. Ако внесувате премногу сол, се зголемува ризикот да добиете мозочен удар. Психоактивните супстанции, како што се марихуаната и алкохолот, не се воопшто уникатни според ризиците кои се поврзани со нив.
Она што е поразилично е како овие супстанции се третираат законски, и посебно начинот како алкохолот и никотинот толку лесно минуваат под Законот за контролирани супстанции, темелот на националната политика за дроги. Авторите на студијата забележуваат дека на законската класификација на психоактивните дроги често и недостига „научна основа“, и нивните откритија се потврда на овие факти. Заради релативните ризици поврзани со марихуаната и алкохолот, авторите препорачуваат „приоритет во менаџирањето на ризиците од алкохолот и тутунот, наместо од забранетите дроги“. И уште велат дека кога станува збор за марихуаната и ниското ниво од ризици поврзани со дрогата, тоа „наведува на строги правен регулаторен пристап наместо сегашниот пристап на забранување“.
Со други зборови, индивидуите и организциите кои заедно се борат за легализација на марихуаната ќе постигнат посилен ефект за здравјето и за добробитта за целата земја ако го свртат вниманието кон алкохолот и цигарите. Потребна е исклучителна енергија да се води кампања против опасностите од секојдневното користење на марихуаната, и потоа да си одите дома и вечерта да одлепите со чашка далеку посмртоносно нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.