| четврток, 6 декември 2018 |

Затвореник од штипскиот затвор: Ништо не покажуваше дека Николиќ планира да се убие

zatvor

Се обеси со вреќа. Цела ноќ пред самоубиството излегуваше и влегуваше во затворската соба. Осуденик од затворот во Штип за „Прес24“ вели дека не забележал некое различно однесуваше кај сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ, кој утрово беше пронајден мртов во тоалет во затворот во Штип.
– Требаше да излезе на викенд. Разговаравме нормално како и секој ден. Имаше проблеми со долгови, но велеше дека ќе се среди. Вечерта си легнавме како и секој ден. Ништо не покажуваше дека планира да се убие. Додека бев буден слушав дека неколку пати излегува од собата. Потоа сум заспал. Утрово околу 5.30 го пронајдовме мртов во тоалетот. Вратата беше заклучена. Се обесил со манила вреќа – вели осуденик од затворот во Штип во телефонска изјава за „Прес24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top