Во земјава утрово преовладува облачно и тивко време. Локално има сончеви периоди. Понекаде дува слаб ветер со променлив правец. Утринската температура се движи од -1 до 8 степени и тоа: -1 Берово, 0 Маврово, Лазарополе, 1 Кр. Паланка, 2 Скопје Пет., Крушево, Тетово, 3 Битола, Куманово, Претор, Тополчани, 4 Штип, Прилеп, Дебар, Д. Капија, Кавадарци Струмица, 5 Скопје на З. Р., Виница, 6 Охрид, 7 Дојран, 8 Гевгелија.
Од УХМР информираат дека во текот на денот нè очекува променливо облачно со сончеви периоди, во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните подрачја особено на планините и на повисоките места повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Дневната температура ќе достигне до 14 степени.
До средината на неделата ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со услови за повремени локален дожд, особено во западните предели. В четврток се очуваат пообилни врнежи од дожд, но во вечерните часови према петок од север ќе се спушта постуден воздух, кој ќе предизвика и на некои пониски места врнежите да преминат во снег, особено во северните и западните делови на земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.