Во едно од последните интервјуа Борис Немцов го предскажа убиството. На 10 февруари оваа година рускиот опозиционер вели за весникот “Собеседник”: “Се плашам дека Путин ќе ме убие.”“Секогаш кога зборувам со мајка ми по телефон, таа вели:” Кога ќе се престанеш да се караш со Путин? Тој ќе те убие! “.Таа го кажува сосема сериозно”, изјави тогаш Борис Немцов.
Неговиот соработник во “Солидарност” Илја Јашин потврдува дека неговиот пријател добивал закани на интернет речиси непрестано. -Не се плашеше. Сметам дека убиството е политичко . Борис не сакаше обезбедување. Тој велеше дека и да има обезбедување, ако одлучат да го убијат, ќе го убијат. Тој немаше непријатели, вели Јашин , цитиран од Интерфакс.
Гари Каспаров, друг познат опозиционер, го обвини директно Кремљ за убиството.
-Скршен сум. Тој беше мој многу добар пријател. Го уби власта, рече Каспаров.
Премиерот Дмитриј Медведев наложи дека атентатот против Немцов треба да биде откриено по секоја цена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.