| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага на руските медиуми покажа: САД ги праќаат во Украина своите елитни борци

Пентагон е подготвен да испрати во Украина дел од најелитните си борци, се вели во истрага на новинари од телевизија Рен. Станува збор за 300 борци од 173-та воздушно-десантна бригада, една од легендарните и воено најспособна американска формација. Оваа бригада војувала  во Виетнам, Ирак и Авганистан, практично во секој вооружен конфликт, каде учествувале Американци. Во септември 2014 година десантната единица  веќе била во Украина – на вежби во град Јаворов, Лвовска област, каде што биле и инструктори на украинската Национална гарда. Според руските новинари, тогаш работите биле јасни и обуката на украинските делови била задача на Американците, но сега работите не изгледаат на ист начин. Голема е веројатноста овие борци да земат учество во воени дејствија, анализираат руските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top