| четврток, 6 декември 2018 |

Во Донецката област, во време на примирје загина фотографот на весникот „Сегоднја“, Сергиј Николаев

Фоторепортер на украинскиот весник “Сегоднја” Сергиј Николаев загинал откако налетал под оган во Донбас. Тој е убиен во реонот на Пески, Доњецка област, соопштува сајтот на весникот, и покрај тоа што генерално е состојба на примирје.

-Во Донецката област загина фотографот на весникот „Сегодня“, Сергиј Николаев. Тој стана жртва на напад во реонот на селото  Пески, во  Доњецка област. Редакцијата на “Сегодня” и на сајтот segodnya.ua изразија  најдлабоки сочувство до роднините и блиските на загинатиот, пишуваат колегите на Николаев.

Претходно денеска беше соопштено дека во источна Украина загинал еден војник, дополнува ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top