| четврток, 6 декември 2018 |

Англичани ќе бараат злато во Македонија

Во Министерството за економија ќе биде потпишан договорот за доделување концесија за експлоатација  на бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ во општините Валандово, Богданци и Дојран. Договорот e за Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сарич МЦ ДООЕЛ увоз – извоз“ Скопје. Покрај реализација на планираната англиско-украинска инвестиција, ќе биде промовиран и нов начин на вадење руда со напредна технологија, во затворен систем, што овозможува заштита на животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top