Светската побарувачка за злато драстично се намали во третиот квартал од 2017-та година, поради намалениот интерес во Индија. Според извештајот објавен денеска од страна на Светскиот совет за злато (GCC).
Побарувачката за благородниот метал помеѓу јули и септември 2017-та година се намали за 9% во споредба со третиот квартал од 2016-та година, достигнувајќи 915 тони или најниска од третиот квартал од 2009-та година.
„Индија е главната причина за овој слаб резултат, со 25 отсто намалување на побарувачката за накит од една година порано и 23 отсто пад на побарувачката за цели прачки злато“, рече Џон Малиган, висок претставник на „GCC“.
Индија е втор по големина купувач на злато во светот по Кина, но локалната индустрија е попречена од голем број мерки за борба против црниот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.