| четврток, 6 декември 2018 |

Убиството на Немцов било снимено со камера, убиецот го чекал на скалите од мостот

Злосторството, кое се случи на Москворечкиот мост во центарот на Москва го снимила камера, поставена за снимање на временските услови во центарот на градот, а која и припаѓа на телевицијата ТВЦ, објави „Раша тудеј“.
Снимката опфаќа широк кадар од Москворечкиот мост, во близина на Кремљ, но квалитетот е таков што можат да се забележат само автомобилите на мостот и фигурите на луѓето, кои се движат по него.
Според снимката Немцов е убиен во 23:31 часот по московско време, а убиецот го чекал на скалите на мостот.
Самиот момент на убиството не е снимен, бидејќи Немцов и неговата придружничка, жена во бел капут, за која се претпоставува дека е украинската манекенка Ана Дурицкаја, во тој момент ги сокрило возилото за чистење на снег, кое минувале по мостот.
Убиецот потоа потрчал кон автомобилот, кој го чекал на неколку метри понатаму на мостот, влегол на местото на совозачот и го напуштил местото на злосторството.
Претходно таа вечер безбедносните камери ги снимиле Немцов и жената како одвоено пристигнуваат во московската стоковна куќа ГУМ на Црвениот плоштад околу 22 часот по локално време.
Немцов и манекенката наводно вечерале во еден од рестораните во ГУМ, а потоа одлучиле да прошетаат до неговиот стан, кој се наоѓа во близина и до кој мора да се помине мостот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top