Фаворитите за титулата со победи го почнаа пролетниот дел од фудбалското првенство во Македонија, а стартот е во знакот на „црвено-црните“ бои.
Лидерот Вардар лесно го прегрме нзгодното гостување во Кратово и го декласира Силекс со 3-0. Мечот беше решен за само 6 минути, со експресните погодоци на Филип Ивановски и два на Дејан Блажевски. Голеадата почна во 12. минута, а заврши само 360 секунди подоцна за конечни 3-0.
Во Тетово на големото градско дерби Шкендија со 2-1 како гостин го победи Тетекс. Првиот стрелец во шампионатот Бојан Вручина го отвори резултатот во 24. минута со прецизен удар од белата точка. Христијан Кировски ја удвои предноста на Шкендија со гол во 71. минута, а почесниот погодок за Тетекс беше дело на Адем повторно од пенал во 87. минута.
Минимална победа за добар старт на пролетниот дел од првенството забележа и актуелниот првак Работнички. Јунак на дебармаалци е Дарко Велковски, кој погоди на вистинското место во 58. минута.
Лош старт имаше Пелистер, екипа што најави враќање на патеките на успехот со ангажманот на познатиот тренер Ѓоко Хаџиевски. Битолчани загубија на домашен терен од Брегалница со 0-1. Стрелец на голот за гостите од Штип беше Илиев во 11. минута. Утре во последниот меч од првото пролетно коло ќе играат Металург и Ренова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандев: Горд сум, овие момци можат да се носат со најсилните во лигата
-
Горан Пандев со музика и песна го прослави пласманот во првата лига на својот клуб
-
Голем инцидент во Хрватска: Маскиран хулиган влета на терен за да се пресмета со судијата (ВИДЕО)
-
Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ



