Грција планира да отпочне разговори со кредиторите за одложување на долгот, за да го направи поднослив, работејќи во исто време на реформските мерки кои треба да бидат дефинирани до април, изјави синоќа грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Варуфакис нагласи дека исплатата на долговите кон ММФ, од кои некои доспеваат во март, ќе биде приоритет за Грција, додека долговите кон Европската централна банка (ЕЦБ) припаѓаат кон различна категорија и за нив ќе мора да разговараме со нашите партнери и институции.
Варуфакис, сепак, истакнува дека Грција не би била првата земја која не ги исполнила обврските кон ММФ.
Грција во март треба да исплати на ММФ 1,5 милијарди евра, а на лето 6,7 милијарди евра кон ЕЦБ, а поради проблеми со ликвидноста ќе има проблеми да го оствари тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!



