Лидерот на Чеченската република Рамзан Кадиров ги обвини западните тајни служби за убиство на рускиот политичар од опозицијата Борис Немцов, кој беше застрелан синоќа во Москва.
– Единствено сили, заинтересирани да предизвикуваат тензии, би се одлучиле на ваков предавнички чекор. Организаторите на убиството се надеваа целиот свет да го обвини државното раководство за смртта на Немцов и да предизвика протести. Нема никакви сомненија дека убиството на Немцов е организирано од тајните служби на Западот, чиј стремеж е на секаков начин да предизвикаат внатрешен конфликт во Русија. Таква е нивната практика. Прво приближуваат некого кон себе си, го нарекуваат пријател на Америка и Европа, и потоа го жртвуваат, за да го обвинат политичкото раководство- тврди чеченскиот лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.