| четврток, 6 декември 2018 |

Брилијантен трипл-дабл на Ветсбрук, 40 поени, 13 скока и 11 асистенции

Расел Вестбрук игра брилијантно, иако неговите феноменални партии не и носат многу успех на Оклахома тандер. Громовниците и ноќеска загубија од Портланд со 112-115, а бекот на гостите беше неверојатен. Третпат по ред Вестбрук забележа трипл-дабл, овојпат со ефект од 40 поени, 13 скока и 11 асистенции, но во трите меча Оклахома двапати загуби.

vestbruk

Ветсбрук имаше шанса да го одведе мечот во продолжение со прецизно изведени три слободни фрлања во последниот напад, но го промаши првото, по што немаше спас за Тандерс.

Бекот на Оклахома е прв кошаркар во НБА лигата по Леброн Џејмс во 2010 година со три трипл-дабл ефекти во низа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top