| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја спушти цената на гасот за Турција за 10,25 отсто

GasРусија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто, но нема да има промени во цените за потрошувачите, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз.

– По продолжените преговори постигнавме спогодба со Русија за намалување на цената на гасот, кој го купуваме преку гасоводот Син поток за 10,25 отсто, истакна Јилдиз.

Тој посочи дека цените за турските потрошувачи сепак нема да бидат намалени и додаде дека во февруари и март турските граѓани ќе плаќаат цени за гас, како и претходно.

Јилдиз појасни дека причина за тоа е високиот курс на доларот.

Турскиот министер истовремено увери дека во февруари и март нема да има зголемување на цената на гасот за потрошувачите поради курсот на доларот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top