Лидерот на Курдската работничка партија (ПКК) Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор, ги повика своите приврзаници да го положат оружјето како дел од мировниот процес за ставање крај на 30-годишниот крвав бунт, соопшти главната курдска партија.
Прокурдскиот пратеник Сири Суреја Ондер изјави денеска дека Оџалан побарал од својата ПКК да одржи вонреден конгрес на пролет на кој би донела „историска одлука“ со цел ставање крај на оружената борба.
Турски претставници почнаа разговори со Оџалан во 2012 година заради окончување на конфликтот во кој десетици илјади луѓе го загубија животот од 1984 година.
Оџалан прогласи прекин на огнот во 2013 и наложи ПКК да ги повлече борците во базите на северот на Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.