| четврток, 6 декември 2018 |

Прослава од милион долари за 91 роденден на претседателот Мугабе

Robert-MugabeПретседателот на Зимбабве Роберт Мугабе го прослави денеска 91-от роденден со раскошна забава на која присуствувaa илјадници приврзаници на неговата владејачка партија.

Околу 20.000 луѓе се собраа во одморалиштето Викториини водопади, на целодневна пролава, на која се потрошени, според проценките, милион долари.

Приврзаниците на ЗАНУ-ПФ облечени во партиски бои со ликот на претседателот на градите, пееја и играа, додека тој не дојде на забавата одржана во луксузен хотел во познатото одморалиште.

Со поддршка на својата сопруга Грејс, опкружен со членови на семејството, претседателот пушти 91 балон во воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top