| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Пак играа тупаници во украинскиот парламент

Масовна тепачка изби денеска во парламентот во Украина, меѓу пратениците на националистичката партија Свобода, која е во опозицијата, и пратениците на Партијата на регионите, а повод беше користењето на рускиот, односно украинскиот јазик во парламентарната расправа, јавуваат тамошните медиуми.
До судирот дошло веднаш по почетокот на седницата, за време на говорот на претседателот на Партијата на регионите, Олександар Јефремов, јави агенцијата „Франс прес“.
Јефремов говорел на руски, што предизвикало негодување од страна на пратениците на Свобода, кои почнале да викаат и се обиделе да го прекинат неговиот говор.
Како што известува весникот „Киев пост“, пратениците на Свобода извикале „Сакаме да зборува на украински“ и барале Јефремов да говори на тој јазик, на што тој рекол: „Кои се тие да ми пречат во мојот говор, распеани неофашисти“.
За да им вратат мило за драго, пратениците од Партијата на регионите го направиле истото кога на говорницата излегол шефот на партијата Свобода, Олег Тианибок, и почнал да говори на украински. Тие го прекинале неговиот говор довикувајќи му дека е фашист.
Пратениците наскоро престанале да се пресметуваат, но останале на говорницата расправајќи се, јави „Киев пост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top