| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 700 луѓе направија ланец околу синагогата во Стокхолм

Jovenes-musulmanes-forman-una-_54427491320_54028874188_960_639

„Човечкиот ланец“ окоу синагогата во Осло

Повеќе од 700 луѓе се собраа во петокот попладне околу синагогата во Стокхолм, Шведска со цел да демонстираат неприфаќање на екстремизмот, седум дена по „ланецот на мирот“ во Осло.

Исламот е да ги штитиме нашите браќа и сестри без разлика на верата – беше објавено на фејсбук за овој настан кој го организира мрежата „Хумано, без граници“, која има за цел да ги зајакне сличностите меѓу групите и индивидуите.

Шефот на шведската влада Стефан Лофвен учествувал во демонстрациите во центарот на Стокхолм.

Околу 700 луѓе направиле ланец околу синагогата.

Настанот е инспириран од човечкиот ланец кој го направија Евреите и муслиманите во саботата, околу синагогата ри во Осло, а во знак на солидарност со Евреите кои во февруари биле жртви на нападот во Копенхаген, Данска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top