| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници кои мора да ги имате во фрижидер

stockvault-mixed-fruits136912

Да се храниш здраво звучи добро, лесно и едноставно во теоријата, но во праксата секогаш ни е полесно да го зграбиме она што прво ќе ни дојде на рака. Неколку намирници мора да ги имаме во фрижидер во секој момент кога сме гладни.

1. Зелен лиснат зеленчук – спанаќ, зелена салата, зелка може да се искористат за во смуди или да се јадат во салата.

2. Лимон – тие се тајно оружје за детоксикација.

3. Шумско овошје – ако ви се јаде слатко, ова овошје може да го замени десертот. Имаат малку шеќер и богати се со антиоксиданси.

4. Овесни снегулки – совршени се за почеток на денот, а може да се користат и како замена за брашно.

5. Кафеав ориз – евтин е, лесно се подготува и одговара како прилог на секое јадење.

6. Јајца – за сите љубители на протеини, тие треба да бидат главна намирница во вашиот фрижидер.

7. Риба – кога се зборува за здравите протеини, рибата е дефинитивно намирница број еден. Бакалар, лосос и туната се најдобри опции.

8. Пилешко – тоа се чисти протеини, пилешко, мисиркино месо и риба.

9. Јаткасти плодови – кикиритки, бадеми, индиски ореви, тоа се здрави грицки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top