Според директорот на Управата за јавни приходи, ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава.
Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, денеска изјави дека неговиот предлог за даночна амнестија на заштедите во странските банки станува атрактивен, особено по последните случувања во Кипар.
– Факт е дека законот за одданочување на депозити, Кипар го прави неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија, станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава – истакна Трајковски.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој оцени дека македонскиот банкарски систем е солиден и тој треба да биде предизвик не само за македонските резиденти, кои по пат на амнестија би го вратиле капиталот, туку и за коминтентите на странските банки да ги донесат заштедите во Македонија.
– Јасна е определбата на Владата дека нема да има нови даноци и зголемување на постојните – рече Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство