Општина Гази Баба во целокупната постапка постапуваше за објектот „Космос“ на Фијат Цаноски постапуваше согласно Законот за градење и согласно важечкиот детален план за таа локација, пишува во соопштението од Општината.
„Планот беше усвоен на иницијатива на инвеститорот, и согласно него беше издадено одобрение за градба.Во текот на градбата од страна на градежната инспекција на општина Гази Баба, беше констатирано дека инвеститорот не се придржува согласно одобрението за градба, односно дека има големи отстапувања, кој што според ниедна постапка според Законот за градење не можеше да бидат вклопени во планската документација, стои во соопштението од Гази Баба.
Според Општината, тие тврдат дека може да потвдат дека дека во моментот според генералниот урбанистички план и според деталниот урбанистички план намената е иста и инвеститорот има важечко одобрение за градба и може да го спороведе откако ке биде завршена постапката од страна на инвеститорот по решението за отстранување на нерегуларностите.
„Демантираме дека е извршена пренамена на земјиштето според ГУП и ДУП. Како дополнителен аргумент дека инспекциската служба постапила исправно и согласно законот, се докажува и од страна на самиот инвеститор кој што ни има доставено елаборат за утврдената фактичка изградена состојба со кој што ги потврди наодите констатирани од инспекциската служба, се вели во соопштението од Општина Гази Баба.
Денеска Зоран Заев, лидерот на опозицијата обвини дека имало неправилности околу објектот „Космос“ на Цаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид e најзадолжена општина
-
Едни бараат поправка или замена на столпчиња, други сами си обележале приватен имот (галерија)
-
Трајковски: Градба на училиште, спортска сала, набавка на комунални возила, проширување на улици во Хиподром
-
Трајковски со докази го замолкна Георгиевски: Ветуваш проекти кои се реализирани