Турција ќе изгради трет патен и железнички тунел под Босфор за да ги поврзе европскиот и азискиот дел на Истанбул, објави турскиот премиер Ахмет Давитоглу, четири месеци пред парламентарните избори.
– Со овој мегапроект ние ќе изградиме нов Истанбул – изјави Давитоглу во изјавата. Тоа е предвесник на нова Турција, додаде тој.
Според денешното претставување на проектот, тунелот со должина од 6,5 километри ќе има три нивоа, две за автомобили и едно за возови и за метро. Тој би требало да биде отворен во 2020 година, вети премиерот.
Министерот за транспорт, Љутфи Елван, прецизира дека проектот вреден 3,1 милијарди евра нема да ги чини ништо турските даночни обврзници бидејќи ќе се оствари во рамките на јавно-приватно партнерство.
Првиот железнички тунел под Босфор, кој е прв ваков тунел во светот, што поврзува два континента, беше отворен во октомври 2013 година. Вториот тунел под Босфор, наменет за автомобили, е во изградба и треба да биде пуштен во 2016 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја води земјата од 2003 година, последните години го зголеми бројот на спектакуларните урбанистички проекти во Истанбул.
Меѓу нив се изградба на трет мост над Босфор и на трет аеродром во Истанбул, кој се предвидува да биде најголемиот аеродром во светот.
Ердоган неодамна нареди да биде активиран и друг од неговите т.н. „откачени“ проекти, за изградба на канал кој ќе ги поврзува Црно Море и Мраморно Море.
Противниците на Ердоган редовно ја критикуваат неговата мегаломанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Помор на риби во каналот Студенчишта: Тони плашици угинаа, ЕЛЕМ не го намали испустот на вода од Охридско езеро (видео)
-
И натаму тензично: Руски воени бродови се движат кон базата Тартус во Сирија
-
Тргнале по пократкиот пат и се удавиле, ќерката им остана сираче – трагедијата во Борча ги потресе сите!
-
Каналот на смртта повторно го зеде данокот: Двајца загинаа каде што беше убиена Јелена