| четврток, 6 декември 2018 |

Растe ценaтa на нафтата на светските берзи

нафта2

Цените на нафтата денеска пораснаа на светските берзи и покрај објавувањето на податоците за рекордно ниво на нафтените резeрви во САД, земјата што е најголем потрошувач на енергенти во светот.

Американската лесна нафта за испорака во април на електронските трансакции пред отворањето на Њујоршката берза поскапи за 84 центи на 49,01 долари за барел, додека цената на северноморскиот брент за иста терминска достава, се зголеми за 91 цент на 60,96 долари за барел.

Денешниот пораст на цените на нафата следи по вчерашниот драстично поевтинување на енергентот, кога вредноста на американската нафта се намали за 2,82 долари, а брентот за 1,58 долари.

Вчерашнито поветинување на црното злато дојде откако американското Министерство за енергетика објави дека минатата недела резервите на нафта во САД се зголемиле за 9,4 милиони барели, достигнувајќи рекордно ниво за овој период од годината од 434,1 милиони барели. Стручњаците очекуваа нивото на американските резерви да се зголеми за 3,75 милиони барели.

Од средниана на јуни минатата година, па до крајот на јануари, нафтата на светските берзи поевтини за околу 60 проценти, како последица на порастот на глобалните резерви, намалената потрошувачка и силниот долар. Во текот на овој месец цените на нафтата забележаа благ пораст, како реазултат на намалувањето на бројот на нафтени извори во САД, но аналитичаите, сепак, прогнозираат дека варирањето на вредноста на енергентот ќе продолжи и во следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top