Ерусалим е еден од најстарите градови во светот и свето место за три религии, христијанството, јудаизмот и исламот. Стариот град е заштитен со ѕидови. Денешните ѕидови се кренати во 16 век, кога Ерусалим бил дел од Отоманската империја, но такви ѕидови секогаш имало околу, уште од античките времиња.
Погледнете ги атракциите кои не треба да ги пропуштате ако го посетите Ерусалим:
Западниот ѕид
Го нарекуваат уште „Ѕидот на плачот“. Изграден е од Ирод Велики и бил западниот ѕид на Вториот храм. Во секое време околу него можат да се видат евреи кои се молат. Тоа е една од најголемите знаменитости во градот.
Црквата Божји гроб
Таа се наоѓа во христијанскиот дел на стариот град, на ридот Голгота, каде што бил распнат Исус Христос. За верниците христијани, ова е најсветото место во светот.
Куполата на карпа
Изградена е од исламски архитекти во 691 година пр. хр. Златната купола се гледа од далеку. Украсена е со убав мозаик и арапска калиграфија. Израелската влада не им дозволува на евреите да влезат во храмот од безбедносни причини. Тука и најмалиот конфликт, може да ескалира брзо.
Градот на Давид и Тунелот на Езекија
Градот на Давид се наоѓа во стариот дел на градот. Тој бил главниот град на царството на Цар Давид. Можете да поминете низ тунелот на Езекија. Тоа се темни тунели, кои го снабдувале градот со вода. Во нив се уште има вода, па затоа подгответе се за 45 минути газење во вода до колена.
Јад Вашем
Тоа е најголемиот музеј на холокаустот. Основан е во 1953 година, а во 2005 година се отвори нов дел од него.
Пазарот Механе Јахуда
Ова е најпопуларниот пазар во Ерусалим. Има над 250 тезги кои нудат се, локална храна (која треба да пробате), вина, облека, обувки и др.
Кулата на Давид
Ова е древна тврдина во близина на еден од влезовите на градот. Изградена е за заштита за време на отоманскиот период. Тука се направени важни археолошки ископувања. Денес во кулата има музеј, во кој се прикажани експонати од 4000 годишната историја на Ерусалим.
Музеј Израел
Музејот е основан во 1965 година. Располага со над 500 000 експонати.
Панорамски поглед на градот
Прошетајте се на ридовите околу градот и едноставно погледнете го оддалеку. Некои од места во градот, од кои има прекрасни панорамски глетки се, врвот на кулата на Ирод, австрискиот хоспис и др.
Шопинг
Ерусалим е древен град, но има и многу модерни места кои можете да ги посетите, како што е шопинг центарот „Mamilla“. Тоа е шопинг центар на отворено и се наоѓа во стариот дел на градот. Во него има 140 продавници, ресторани и кафулиња.
Првата станица е првата железничка станица, отворена во градот во 1892 година. Таа долго била запоставена, но во 2013 година е повторно отворена како културен центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.