| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона испушти голем талент за релативно мали пари

Погрешната проценка на челниците на Барселона ги лишеше од можноста за релативно мали пари да доведат одличен талент во своите редови, кој сега прикажува фантастични игри во дресот на Палермо.

palermo

Се работи за младиот Аргентиец 21-годишниот Пауло Дибала кој беше под будното око на скаутите на Барселона додека напаѓачот настапуваше за Кордоба во втората шпанска лига.
Меѓутоа Кордоба односно инсветицискиот фонд кој ги поседува правата на играчот побарал од каталонскиот гигант осум милиони евра. Барселона тоа одби да го плати, а место него клубот ги доведе Алберто од Севилја и Рафел Аруха од Бока Јуниорс кои веднаш ги испрати во вториот тим на Барселона.

На крајот претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини плати за услугите на фудбалерот 10 милиони евра и го доведе на Сицилија. Дибала експлодираше во досегашниот дел од сезоната постигнувајќи 12 голови. Со сигурност Аргентинецот на лето ќе го напушти Палермо бидејќи понудите веќе пристигнуваат на адресата на тимот а изнесуваат околу 30 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top