| четврток, 6 декември 2018 |

Секој трет жител на Њујорк не зборува англиски

nj

Секој трет жител на Њујорк не зборува англиски и градските власти се принудени да ги користат услугите на преведувачи. Во градските судови, компликувано е да се разбере што било без преведувач бидејќи 40 проценти од жителите се родени во странство и 49 проценти дома не зборуваат англиски, пишува италијанскиот весник „ Стампа“.

– Официјалната статистика е вчудовидувачка. Во градот живеат осум милиони луѓе, од кои 37 проценти се родени во странство. Во 1970 година такви биле само 18 проценти од жителите на градот. Овие податоци се од 2010 година и кон нив треба да се додадат и илегалните имигранти, и тогаш е можно бројот на родените во странство да го надмине бројот на родените во Соединети Американски Држави, укажува весникот.

На прво место меѓу имигрантите се од Доминиканска Република, па од Кина, Мексико, Гвајана, Еквадор, Хаити, Тринидад, Индија и Русија.

Во рангирањето Италија го зазема 17., а Велика Британија – 19. место.

Оваа состојба се одразува и врз јазичната комуникација во градот. Само 51 процент од њујорчаните дома зборуваат на англиски. Според градските власти, околу два милиона жители воопшто не знаат англиски јазик. Од нив 50,4 проценти зборуваат само  шпански, 16,5 проценти кинески , 6,3 проценти руски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top