Леброн Џејмс постигна 42 поени, што му е рекордено постигнување сезонава во НБА-лигата и го предводеше Кливленд кавалирс до вредна победа против Голден стејт вориорс, екипа која во моментов има најдобар ефект. Кливленд славеше со 110-99, а Кралот Џејмс ги засени олстар-ѕвездите Стеф Кари, Клеј Томпсон од противничкиот табор и соиграчот Кајри Ирвинг.
Во неизвесен меч што се одлучуваше во продолжение, Феникс ја победи Оклахома со 117-113, а на гостите не им помогна ниту извонредниот Расел Вестбрук. Тој забележи неверојатни 39 поени, 14 скока и 11 асистенции, но Тандерс загуби битен меч во битката за пласман во плејофот. Кај Феникс, Маркиф Морис беше најефикасен со 29 поени, еден повеќе од Ерик Бледсо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.