| четврток, 6 декември 2018 |

Дванаесет сообраќајки, петмина повредени вчера во Скопје

soobrakjajk

На подрачјето на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 12 сообраќајки од кои во пет учесниците во сообраќајот се здобиле со полесни повреди.

Повредени се тројца возачи на патничко возило, двајца сопатници и двајца пешаци.

Во седум сообраќајки причинета е материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 24 возачи, кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на возењето, 15 возачи кои возеле под дејство на алкохол и 12 пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 72 возила што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции врз безбедноста на патниот сообраќај“ со учениците од прва и втора година во средните училишта.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

Во сабота со почеток во 11 часот и 30 минути е најавен мирен протест на група граѓани пред зградата на МРТВ на крстосницата од булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Григор Приличев“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top