| четврток, 6 декември 2018 |

Откриен идентитетот на исламистичкиот џелат Џихадистот Џон?

Припадникот на исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД), кој учествуваше во видеоснимките при ликвидацијата на заробените западни државјани, познат по прекарот Џихадистот Џон, конечно е идентификуван како Мохамед Емвази.

Британската полиција одбива да ја потврди идентификацијата, но не го демантира открититето на лондонските медиуми во кои се дадени детали за него и за неговото потекло.

Емвази има околу 27 години, роден е во Кувајт, но е британски државјанин. Израснал и живеел во западниот дел на Лондон и потекнува од семејство што ѝ припаѓа на средната британска класа.

Медиумите тврдат дека им бил познат на британските безбедносни агенции, а дека контраразузнавачката агенција МИ5 „се интересирала за него“, но официјално никој не ја потврдува оваа информација.

Се верува дека во Сирија замнал во 2012 година и таму им се приклучил на џихадистите на ИД уште додека тие беа дел од сириската вооружена опозиција, која настојуваше да го собори од власт претседателот Башар ал Асад.

Според британските медиуми, името досега не му било откриено од безбедносни причини.

Емвази се појави во сите видеоматеријали од бруталните ликвидации на зарбонеците, прво на американскиот новинар Џејмс Фоли, а потоа и на Стивен Сотоф, британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, како и на Американецот Абдул Рахма-Касинг, кој пред да премине во исламот се викаше Питер.

Овој брутален џихадист, секогаш се појавуваше облечен во црна облека, со покрено лице, освен отвор за очите, кои се покажа го издадоа, како и по неговиот британски лондонски акцент.

Малкумина ослободени заробеници на џихадистите открија дека ги чувале милитанти со изразит британски англиски јазик, кои меѓу себе се ословувале како Џон, Пол и Ринго, по имињата на тројцата членови на некогашната поп-група „Битлси“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top