| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ 26% – СДСМ 10%

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ на последната анкета на американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон, објави „Прес 24“.

irianketa1

Ова е последната анализа на јавното мислење според која ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 26% доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 10% од анкетираните.
Интересно е што СДСМ е на третото место според довербата во политичките партии бидејќи во ДУИ веруваат 11% граѓани, наспроти ДПА во кого доверба имаат 5%.

irianketa2

Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, наспроти Заев кој има доверба кај само 3% од народот.
Заев е последен меѓу политичките лидери бидејќи пред него се и Ахмети со 7% и Тачи со 4% доверба.
За најзначајните општествени теми, интересно е дека и покрај сите напори на опозицијата за деградирање на владините политики и серијата протести, ВМРО-ДПМНЕ има рекордни два ипол до 3 пати поголема предност пред СДСМ.
На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29% а за СДСМ само 6%.
Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28% наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.
28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните.
29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%.
Водство на партијата на Груевски и во водењето на локалната самууправа во сооднос која надминува 3:1, односно 33% за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 9% за СДСМ и Заев кој е градоначалник наСтрумица

Големо водство на владејачката партија и кај она што најмногу ги интересира граѓаните, решавање на прашањето на невработеноста. Огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти само 9% кои го подржуваат СДСМ

Граѓаните ценат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна парија помеѓу народот

На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни

ВМРО-ДПМНЕ 52%

СДСМ 7%

ДУИ 16%

ДПА 5%

Граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓните

ВМРО-ДПМНЕ 32%

СДСМ 9%

ДУИ 12%

ДПА 5%

Најновата анкета на американскиот меѓународен републикански институт ИРИ со седиште во Вашингтон  која денеска им е презентирана на политичките партии е спроведена во периодот од 9 до 15 декември минатата година врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top