Не постои никаква индикација дека сме меѓународно изолирани. Впрочем времето ќе го покаже тоа, како што го покажа и во 2008 -та кога се почна истата приказна од истите извори од истите актери, па со тек на време се покажа дека не е се така, изјави премиерот Никола Груевски на седницата за пратенички прашања.
Прашањето за меѓународната изолација на земјата го постави пратеничката Љубица Буралиева, која исто така зборуваше и за случајот со прислушување граѓани односно новинари.
Груевски и забележа на Буралиева дека многу лесно лепи етикети на новинари и на медиуми, потсетувајќи дека и таа до неодамна беше новинар, кој стана пратеник од редовите на СДСМ.
– Мислам дека вие немате многу морален простор и морално право тоа да го правите од причина што вие до пред некое време се претставувате како независен новинар, преку ноќ станавте кандидат на политичка партија за пратеник и пратеник, така што најмалку од морален аспект не е во ред да лепите етикети на вашите поранешни колеги, рече Груевски.
Пратеничката Буралиева рече дека не е задоволна од одговорот и оти по овој одговор веќе нема да му поставува прашања на премиерот бидејќи смета дека не треба.
– Никогаш ниту сум се декларирала ниту сум негирала дека сум социјалдемократ по убедување. А тоа не го правам ни во оваа ситуација. Порано не сум била пратеник. Како што гледате јас се изборив за сопствената слобода и во својата партија. Моето влегување беше токму затоа дека сакам слобода макар и во партија, рече Буралиева, која сега во Парламентот е како независен пратеник.
Пратеникот Сашо Василевски од Охрид, посочувајќи на долговите направени од претходната гарнитура на локалната самоуправа во неговиот град, го праша премиерот дали ќе се направат законски измени за да може да се ограничи задолжувањето на општините.
– Навистина она што го наследи новиот градоначалник на Општина Охрид е запрепастувачко. Такво големо задолжување на општина со такви приходи е навистина нешто што е тешко да се преброди и иако новиот градоначалник таму од информациите што ги имам презема прилично радикални мерки во правец на правење на заштеди за враќање на долговите коишто се наплатени од неговиот претходни, состојбите се се уште тешки. Но, моќта на таа општина во смисла на приходите коишто ги има, како што и самиот пратеник кажа, не е толкава за да може така брзо и така лесно да се надминува, рече Груевски
Во законот, додаде тој, постојат одредени ограничувања кога станува збор за задолжување на општините.
– И јас се согласувам дека потребни се дополнителни законски интервенции во овој дел за да не се повтори во некој друг случај на неодговорен градоначалник во иднина. Така што од тој аспект ние внимателно го анализираме овој случај и размислуваме како да се постапи во иднина да не се повтори на истото или на некое друго место повторно таков начин на работење на некој градоначалник, изјави Груевски.
Василевски исто така се интересираше и за работите на Светиклиментовиот универзитет.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска информираше дека активностите се одвиваат според утврден план и динамика од страна на Министерството, Управата за заштита на културно наследство и надлежната институција Завод и Музеј Охрид.
– Во изминатиот период интензивно се работеше на карабината на сите овие објекти којшто го опфаќа самиот Светиклиментов универзитет, како манастирскиот конак, резиденцијалниот на МПЦ, галеријата, библиотеката, Центарот за хуманистички науки и во однос на сите овие објекти процесот на затворена карабина е завршен. Во моментов покривната конструкција се работи, рече министерката.
Во однос на Богословскиот факултет во изминатата година, според Канческа Милевска, се работеше на археологијата. – Истражувањето и веќе е започнато врз основа на сето она што е откриено. Очекуваме оваа година и Богословскиот факултет според динамиката да ја добие затворената карабина. Самиот проект според динамиката треба да биде готов целиот комплекс некаде во 2018 година, така што динамиката солидно се одвива од страна на Завод и Музеј Охрид, вели министерката.
Паралелно при градбата се истражува на самиот комплекс бидејќи по завршување на комплексот ќе има и партнерно уредување на целиот овој комплекс каде што и оние делови коишто се истражуваат во делот и на мозаиците и во делот на археологијата ќе бидат отворени согласно процедурите.
– Ќе имаат можност сите посетители да ги видат и мозаиците и археологијата на самиот комплекс, информираше Канческа – Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски