| четврток, 6 декември 2018 |

Нацева со демант: Воопшто не контактиравме со Кристијансен

Во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ЖРК Вардар и Лајпциг, клубот одржа прес-конференција, а на средбата со новинарите претседателката на клубот, Гордана Нацева, искористи да го демантира наводниот трансфер на данската репрезентативка Кристина Кристијансен во редовите на ЖРК Вардар како што пренесоа некои медиуми од нашата држава.

– Во врска со наводното потенцијално засилување на Вардар, Кристијансен од Данска, сакам да ги демантирам написите во некои наши медиуми и да соопштам дека клубот нема стапено во никакви преговори со неа и нема потпишано никаков договор. Колку што имаме информации, Крстијансен веќе потпишала со друг клуб, кој можеби ќе падне и во втората данска лига поради слабите настапи – појасни претседателката на ЖРК Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top