Украинската влада формираше специјални „интернет сили“ и покрена веб-страница со доброволци со цел да се бори против пропагандата, која се шири од Русија, јави „Си-Ен-Ен“.
Многу фронтови се отворија против нас, а еден од клучните е информацискиот фронт. Сега е време на информацискиот фронт да им возвратиме на руските освојувачи, изјави украинскиот министер за информирање Јуриј Стец, јави „Си-Ен-Ен“.
Секој може да пристапи кон виртуелната војска преку веб-страницата, која ја постави украинското Министерство. Припадниците на виртуелната војска потоа добиваат е-пошта со задачи, како што е надгледување на социјалните медиуми или напаѓање на „тролови“ со промовирање на Украина во онлајн дискусиите.
„Интернет војниците“ се анонимни и наводно им е советувано да имаат лажни профили за да го заштитат својот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


