Неколку хаику песни на македонскиот писател Александар Прокопиев се објавени во годишната антологија на хаику поезија, „Светска хаику“ (World Haiku), што излегува во Кјото, Јапонија. Во антологијата за 2015 година се застапени автори од 44 држави од целиот свет. Одбраните хаику песни на Прокопиев се печатени на македонски, на јапонски и на англиски јазик.
Ова е шести пат Прокопиев да е присутен во годишните избори на „Светска хаику“, што се смета за најрелевантна антологија на Светската хаику асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.